Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2015

Милер, Боатенг, Мартинез и Алонсо со нови договори

Германскиот шампион Баерн Минхен потпиша нови договори со Томас Милер, Жером Боатенг, Хави Мартинез и Чаби Алонсо, соопштено е на клупската интернет страница.

Милер, Боатенг и Мартинез се обврзаа за соработка до 2021 година, а Алонсо до 2017 година.
„Одушевени сме што потпишавме долгорочни договори со многу важи играчи во нашиот тим. Томас, Жером, Хави и Чаби знаат како се освојуваат трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите и ни носат квалитет и сигурност“, изјави извршниот директор на Баерн Карл-Хајнц Румениге.
Тоа што многу го радува клубот е што Милер ќе остане во Баерн и покрај астрономските понуди на Челзи и Манчестер јунајтед за трансфер во зимскиот преоден рок.
Баерн Минхен е на првата позиција на табелата во Бундес лигата со пет бодови предност во однос на Борусија Дортмунд и денеска му гостува на Хановер.

Најнови вести