Корисничко име Лозинка Пријави се
23.12.2015

Тејшејра ќе потпише за Челзи

Како што пренесуваат англиските медиуми Бразилецот Алекс Тејшејра ќе потпише договор со Челзи оваа зима.

Ѕвездата на Шахтар Донецк ќе ги чини „сините“ 30 милиони фунти, но ако се покаже како Вилијан, кој исто така некогаш играше за Шахтар, Челзи сигурно нема да ги жали парите.
Тејшејра како офанзивен играч за врска постигна 26 голови за Шахтар оваа сезона на исто толку натпревари, а се очекува да потпише петгодишен договор.
Интересно е дека Тејшејра постигна повеќе голови отколку целиот тим на Челзи оваа сезона, кој ја затресе мрежата на противниците само 21 пат на 17 натпревари.

Најнови вести