Корисничко име Лозинка Пријави се
31.12.2015

Реми ќе ја спасува Астон вила

Новиот менаџер на Астон вила, Реми Гард, сака да го донесе Лоик Реми од Челзи за да го реши проблемот со неефикасноста на тимот.

Астон вила е најлошиот офанзивен тим во Премиер лигата со само 15 постигнати голови на 19 натпревари, па се наоѓа на последното место на табелата со освоени осум бодови, 11 од сигурната зона.
Астон вила има очајна низа од резултати бидејќи на 18 натпревари не знае за триумф, уште од првото коло и дуелот со Борнмут од 1-0.
„Лоик е момче кого го познавам многу добро и би можел да биде интересен играч за нашиот тим. Не знам колкави се шансите да го доведеме, но се наоѓа на листата на фудбалери со кои ќе се обидеме да потпишеме. Ситуацијата не е најдобра за преговарање, но ниеден играч не ми има кажано дека не сака да игра во Астон вила“, изјави Гард.
Реми е во вториот план на Челзи, и покрај лошата форма на Диего Коста само еднаш беше стартер, а на 13 натпревари постигна три голови.

Најнови вести