Корисничко име Лозинка Пријави се
31.12.2015

Енрике: Судиите се исто така луѓе

Тренерот на Барселона, Луис Енрике, го коментираше лошото судење во победата на неговиот тим над Бетис со коментарот „И судиите се луѓе“.

Каталонците убедливо славеа со 4-0, но на натпреварот огромно значење имаше одлуката на главниот арбитер Антонио Адан, кој во првото полувреме им досуди на домаќините непостоечки пенал наместо фаул во напад.
„Тоа е дел од играта, судиите се луѓе, можат да погрешат. Не сакам да трошам енергија на тоа. Го поддржувам воведувањето на технологијата ако тоа им помага на судиите“, изјави Енрике.
Барселона ја продолжи борбата со Атлетико Мадрид за првото место во Примера, двата тима во 2015 година завршија изедначени и се наоѓаат на делба за првото место, но Каталонците имаат еден натпревар помалку.
„Одлично се забавувавме оваа година, а цел ни и е и следната да освоиме сè, нема друго. Оваа година би ја оценил со 9/10. Сега таа е минато, не размислувам повеќе за неа“, додаде Енрике.
Ова беше јубилеен 500-ти натпревар за Лионел Меси во дресот на Барселона, а големиот јубилеј го обележа и со својот 425 гол за единствениот клуб во кој игра во својата кариерата.
На самиот старт во 2016 година Барселона му гостува на градскиот противник Еспањол во сабота.

Најнови вести