Корисничко име Лозинка Пријави се
04.1.2016

Жиру: Имаме комбинација за титулата

Напаѓачот на Арсенал Оливие Жиру е убеден дека „топчиите“ во својот состав имаат идеална комбинација на играчи која може да им донесе титула.

Тимот од Лондон е лидер во Премиер лигата по 20-тото коло со два бода повеќе од Лестер, а три од Манчестер сити, па се надева на првата титула по 12 години.
„За освојување на титулата, а тоа го знам бидејќи бев шампион со Монпелје во 2012 година, потребни се талент, среќа и квалитет. Имаме одлична комуникација меѓу искусните играчи кои внесуваат самодоверба“, изјави Жиру.
Арсенал и порано во овој период од сезоната често беше на врвот на табелата, но поради „кратката“ клупа во пролетниот дел го губеше чекорот зад ривалите.
„Не се грижам, имаме одлични резерви. Дени Велбек ќе се врати за месец и половина, Тео Волкот може да игра во нападот, Џоел Кембел е одличен во репрезентацијата во нападот, а ако јас бидам надвор од форма или повреден имаме добри решенија“, ја објасни Французинот ситуацијата со напаѓачите.
Арсенал доби четири од последните пет натпревари во Премиер лигата, а во следното коло на 13-ти јануари му гостува на Ливерпул на „Енфилд роуд“.
Во меѓувреме „топчиите“ ги очекува дуел со Сандерленд во ФА купот.

Најнови вести