Корисничко име Лозинка Пријави се
11.1.2016

Златна топка: Меси или изненадување?

Церемонијата за доделување на Златната топка ќе биде одржана денес во Цирих во 18:30 часот.

Фудбалерот на Барселона Лионел Меси е најголем фаворит уште еднаш да го понесе ова ласкаво признание, а во конкуренција се уште и неговиот соиграч Нејмар и Кристијано Роналдо.
Меси е првиот фаворит, пред играчот на Реал Мадрид, кои во претходните две години беше најдобар играч на планетата.
Аргентинецот до сега четири пати ја освои Златната топка, која се доделува на најдобриот фудбалер на светот, а Роналдо има три трофеи.
Меси со Барселона минатата година ја освои шампионската титула во Шпанија, Кралскиот куп, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство, додека пак Роналдо не освои ниту еден трофеј со Реал. Во конкуренцијата за Златната топка е уште еден фудбалер од Барселона, Нејмар, додека пак тренерот Луис Енрике е најсериозниот кандидат за најдобар тренер во 2015 година, пред Пеп Гвардиола од Баерн Минхен и селекторот на репрезентацијата на Чиле Хорхе Сампаоли.
Исто така Меси е во конкуренција и за наградата „Пушкаш“ за најубав гол, а во гласањето учествуваат навивачите преку интернет.
Во женската конкуренција доминираат членовите на американската репрезентација, Карли Лојд е најголем фаворит за Златната копачка пред Целија Шашиќ од Герамнија и Аја Мијам од Јапонија.
Селекторот на САД, Џил Елис е најсериозниот кандидат за најдобар тренер во женската конкуренција, пред селекторот на Англија, Марк Сампсон и селекторот на Јапонија Нориј Саки.
Најдобрите ги бираат селектори и капитени на репрезентациите, 209 членови на ФИФА, како и одбрани новинари.

Најнови вести