Корисничко име Лозинка Пријави се
18.1.2016

Барселона: Престрого,треба да се променат правилата за пенал

Фудбалерите на Барселона го совладаа Атлетик Билбао со 6-0 вчера, но тој натпревар беше решен уште во четвртата минута.

Голманот на Билбао, Горка Ираисос, го собори Луис Суарес во казнениот простор, а судијата Антоио Матеу постапи правилно во сите три одлуки.
Прво добро забележа дека Уругваецот не направи фаул над Ечеит, а потоа според правилата го санкционираше голманот од гостинската екипа. Меси погоди од белата точка, а потоа Нејмар и Суарес ја изрешетаа противничката мрежа.
Меѓутоа, многумина сметаа дека правилата по кои играчите добиваат црвени картони во овие ситуации би требало да се променат, а тоа први го истакнаа токму играчите на Барселона.
„Пенал плус црвен картон е престрога одлука, но така диктираат правилата. Ако се поведе збор околу нивната промена веднаш би ги подржал“, изјави тренерот на Барселона, Луис Енрике.
Играчот од средниот ред на тимот на Серхио Бускетс го дели истото мислење.
„Дали би требало да се променат правилата за ваквата ситуација? Да, без никакви сомнежи, но неколку работи би требало да се променат, а додека не се променат, така е како што е“, додаде тој.
Претседателот на клубот Хосеп Марија Бартомеу, исто така потврди дека црвениот картон на почетокот беше решавачки за исходот на натпреварот.
„Тој црвен картон, добиен на почетокот, промени сè. Самиот пенал е доволна казна, не е потребен црвениот картон, правилата би требало да се променат“, изјави Бартомеу.

Најнови вести