Корисничко име Лозинка Пријави се
06.6.2016

Мексико подобар од Уругвај, Венецуела минимално

Фудбалерите на Мексико ја совладаа репрезентацијата на Уругвај со 3-1 во првото коло во Групата Ц на Копа Америка која се игра во САД.

Мексико комплетно ги казни сите пропусти на Уругвајците кои не можеа да сметаат на Луис Суарес поради повреда.
Исто така, организаторите направија голема грешка кога на почетокот ја пуштија химната на Чиле наместо на Уругвај, а резултатот беше 1-0 уште во четвртата минута.
Својата мрежа ја погоди Алваро Переира и така го најави кошмарот на Уругвај бидејќи Матијас Верино во финишот од првото полувреме го заработи вториот жолт картон.
Сепак, им помогна Гвадрадо кој исто така беше исклучен во второто полувреме, а шансата ја искористи Диего Годин и минута подоцна погоди за 1-1, но тоа не беше доволно да се избегне поразот.
Во финишот легендарниот Рафаел Маркес со одличен удар го матираше Муслера, а Мексиканците ја потврдија победата преку Ерера кој стави точка за конечни 3-1.
Во вториот натпревар од оваа група, на Венецуела минималната победа ѝ беше доволна против Јамајка. 
Мартинес во 15-тата минута го совлада Едру Блејк, а се воспостави дека тоа беше и единствениот гол на натпреварот. Тимот на Јамајка имаше свои шанси, Вотсон на стартот погоди пречка, но не успеа да го спречи и четвртиот пораз со 1-0 на континенталното натпреварување.

Најнови вести