Корисничко име Лозинка Пријави се
14.9.2016

Михајловиќ суспендиран на еден натпревар

Синиша Михајловиќ е суспендиран на еден натпревар во Серија А поради шутирање шише кон клупата за резервни играчи.

Тренерот на Торино бурно реагираше поради пеналот на Аталанта, поради што доби црвен картон.
Михајловиќ е исклучен поради спротивставување на судиската одлука, по што насилно го шутнал полуполното шише со вода на клупата за резерви, а потоа наводно упатил навредлива реакција кон арбитерот.
Поради тоа доби забрана за водење на тимот од теренот на натпреварот со Емполи во четвртото коло на Серија А следниот викенд во Торино.
„Нема да зборувам за судијата, но ако се налутам, има причина. Апсурдно е за две години да бидам исклучен четири пати поради мали работи, како што е шутирање шише, а тие воопшто не гледаат што се случува на теренот. Не сум уверен дека беше пенал, тоа беше остра казна. Де Силвестри беше на земјата, тој се сврти од топката и не го виде противникот“, изјави Михајловиќ по натпреварот.
Торино има победа и два порази во првите три кола на новата сезона во Калчо лигата.

Најнови вести