04.10.2016  Ракитиќ нема да игра против Косово и Финска 
   Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ поради повреда нема да игра против Косово и Финска во квалификациите за Мундијалот во Русија, потврди селекторот Анте Чачиќ.
  
 
 „Ракитиќ има проблеми со Ахиловата тетива и поради тоа не играше ниту за Барселона против Селта. На негово место го повикав Домагој Антолиќ од Динамо“, изјави Чачиќ.
Ракитиќ е трет член на стартната постава кој ќе ги прескокне Косово и Финска, откако поради повреда претходно отпаднаа Лука Модриќ и Дејан Ловрен.
Хрватска на шести октомври гостува кај Косово во Скадар, а три дена подоцна кај Финска во Тампере.