Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

Победа се засили со француски напаѓач

Јаник Макота ќе биде 13-то засилување за прволигашот од Прилеп за оваа сезона

Францускиот фудбалер Јаник Макота, веќе неколку дена е во Прилеп каде присуствува на тренинзите на македонскиот прволигаш. Во следните денови се очекува овој ангажман да биде официјализиран.

Дваесет и шестгодишниот напаѓач е роден во Лион, а фудбалската кариера ја градел во фудбалската акдемија Лион Душер. Професионалната кариера ја започнал во Нанси, додека настапувал за неколку второлигаши од Франција, Португалија и Белгија.

Од Победа најавуваат дека до 31-ви август ќе ја комплетираат документацијата за Макота и официјално да стане нов играч на тимот, и воедно да биде во комбинација за настап во четвртото коло од македонската Прва лига, во кое Победа гостува кај Силекс од Кратово.

Најнови вести