25.1.2012  Ватерполистите поразени и од Романците 
   Македонската ватерполо репрезентација ја загуби и последната шанса за место во квалификациите за олимписките игри откако денеска загуби од Романија со резултат 10-12.  
 
 Во првото
полувреме Романците успеаја да направат разлика, но нашите ватерполисти бргу се
соземаа и резултатски се вратија во игра, па на полувремето разликата за Романците
беше само еден гол.
Второто полувреме
македонските репрезентативци повторно паднаа во играта и веќе по првите шест
минути заостануваа шест гола. До крајот повторно се вратија во игра, дури и
имавме шанса за израмнување, но не ја искористивме и им дозволивме на Романците
да зголемат на два гола разлика, која до  крајот успеаја да ја одржат. 
На Македонија
сега ѝ останува да се бори за единаесеттото место на шампионатот, поточно претпоследното,
а противник ќе ни биде поразениот од натпреварот Шпанија и Турција.