02.7.2015  Чичарито го пропушта Голд купот 
   Најголемата ѕвезда на Мексико, напаѓачот на Реал Мадрид Хавиер Ернандес Чичарито, ќе го пропушти Голд купот.  
 
 Дваесет и седумгодишниот напаѓач на Манчестер јунајтед кој минатата сезона ја помина на заем во Реал Мадрид беше изваден од игра во 27-ата минута на пријателскиот натпревар против Хондурас.
Според првите извештаи се работи за фрактура на клучната коска па Хавиер Ернандес нема да може да ѝ помогне на „сомбреросите“ на Голд купот на КОНКАКАФ кој наскоро почнува во САД и во Канада.
Чичарито за мексиканската репрезентација досега одигра 74 натпревари на кои постигна 40 голови.