Корисничко име Лозинка Пријави се
23.7.2015

Сензација на Јамајка и срам на Мексико за финале

Фудбалските репрезентации на Јамајка и на Мексико ќе играат во финалето на Голд купот, на континенталниот шампионат на Северна и Средна Америка.

Фудбалерите на Јамајка приредија првокласно изненадување совладувајќи го во полуфиналето домаќинот и бранителот на титулата, селекцијата на САД со 2-1, додека Мексико со истиот резултат, со голема помош на судиите, славеше против Панама по продолженијата.
Јамајка, која ја предводи германскиот стручњак Вини Шефер, е прв карипски тим во историјата кој ќе игра во финалето на ова натпреварување, и тоа со победа против Американците, кои, исто така, ги води Германец – Јирген Клинсман.
Головите за Јамајка ги постигнаа Дарен Матокс во 31-вата минута и Џилс Барнс од слободен удар пет минути подоцна, додека единствениот гол за Американците го даде капитенот Мајкл Бредли во 48-мата минута.
Мексиканците обезбедија финале со два гола од пенал во завршните минути на натпреварот во режија на Андрес Гвардадо.
Панама и покрај тоа што од 20-тата минута играше без еден играч, успеа да доминира и со голот на Роман Торес во 57-мата минута да води до две минути пред крајот на натпреварот, кога дојде до голем пресврт.
Судијата досуди контроверзен пенал, откако во казнениот простор падна Торес, па во продолженијата на Мексико му беше досуден уште еден пенал, со што беше ставена точка на ова полуфинале.
Финалето на програмата е во недела, во Филаделфија.

Најнови вести