Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2016

Кркиќ во Стоук до 2020 година

Шпанскиот фудбалер со српско потекло Бојан Кркиќ го продолжи договорот со Стоук до 2020 година, објави англискиот клуб.

Иако многумина во 2014 година се сомневаа дека еден од своевремено најталентираните напаѓачи во светот тешко ќе се прилагоди во Стоук по Барселона, тој ја „освежи“ својата кариера и стана клучен играч на Стоук.
Кркиќ не успеа целиот свој потенцијал да го оствари во каталонскиот тим, како ни подоцна по позајмицата во Рома, Милан и Ајакс, но се врати во форма во Стоук.
„Стоук ми даде шанса да играм во најсилната лига во светот и сакам да му се оддолжам за довербата, но воедно и за третманот од кога дојдов во клубот. Посебна благодарност упатувам до менаџерот Марк Хјуз кој ме доведе овде“, изјави Кркиќ.
Оваа сезона постигна пет голови на 19 натпревари во Премиер лигата.

Најнови вести