Корисничко име Лозинка Пријави се
15.2.2016

Венгер: Бевме немилосрдни, но има уште да се игра

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека победата против Лестер пристигна во вистински момент за неговиот тим.

Арсенал во дербито од 26-тото коло во Премиер лигата славеше со 2-1 со голот на Дени Велбек во 95-тата минута. Тимот на Венгер по оваа победа има само два бода помалку од водечкиот Лестер.
„Ова беше пресуден момент, бидејќи гледајќи ја математиката пред натпреварот, можеa да имаaт осум бодови предност, или можеше да бидат два бода. Ова е голема шанса. Има уште да се игра, а ќе играме против големи тимови. Имавме лоша низа,не успеавме да победиме во четири натпревари по ред, но по тоа врзавме два победи. Излеговме од таа низа и сè уште имаме добри шанси за титулата“, изјави Венгер.
„Лестер добро се бранеше, но ние немавме среќа, бидејќи на полувреме заминавме со заостанување од еден гол. Потоа бевме немилосрдни, требаше да постигнеме повеќе голови“, изјави и додаде дека ќе мора да ја погледне снимката поради спорните ситуации.
„Пред голот на Лестер беше фаулиран Месут Озил, а се чини и дека пеналот беше престрого досуден. Ќе морам да ја погледнам снимката, но ми се чини дека не беше пенал“, наведе францускиот тренер.

Најнови вести