Корисничко име Лозинка Пријави се
22.3.2016

Адурис: Годините се само број

Чудна репрезентативна карира има Ариц Адурис, во 35-тата година доби можност по втор пат да го облече дресот на селекцијата на Шпанија.

Првиот пат тоа беше пред пет и пол години во дуелот со Литванија, меѓутоа 31 гол во сите натпреварувања за Билбао оваа сезона е причината е што одличниот напаѓач повторно е повикан во националниот тим.
„Многу сум благодарен што сум повторно во репрезентацијата. Не е баш вообичаено за некој на мои години да добие повик, и затоа се чувствувам многу привилегирано и среќно.Годините се само број. Она што е навистина битно е желбата, а јас тоа го имам. Ќе се трудам и понатаму да играм најдобро што можам за мојот клуб, а од селекторот зависи дали ќе одам на Европското првенство. Шпанија има одлични играчи, одлично е да се игра со нив“, изјави Адурис.

Најнови вести