Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2016

Во 2013 на клупата во втората лига, а во 2016 во историјата

Напаѓачите на Англија Џејми Варди и Хари Кејн се апсолутен хит оваа сезона во Премиер лигата.

Варди и Кејн го носат Лестер, односно Тотенхем во првенството на Англија и се борат за насловот шампиони на Островот.
„Лисиците“ во моментов стојат подобро бидејќи имаат пет бодови повеќе од Тотенхем, но фантастичниот Кејн е првиот стрелец во лигата со 21 гол, два повеќе од Варди.
Блескавите партии ги направија можеби први по изборот на селекторот Рој Хоџсон за претстојното Европско првенство во Франција, што тие го потврдија во саботата вечерта против Германија. „Гордиот Албион“ губеше со 2-0 од светскиот шампион, пред центарфорот на Тотенхем во 61-та минута со прецизен удар да намали.
Само нешто помалку од 15 минути подоцна Варди, кој во игра влезе неколку моменти порано, маестрално со пета реагираше на центаршутот на Натаниел Клајн и го совлада Мануел Нојер.
До крајот на натпреварот Ерик Дајер ги постави конечните 2-3 со што Англија стана првата репрезентација во историјата која ја победила Германија откако губела со 0-2.
Тоа што е посебно интересно во врска со Кејн и Варди е тоа што тие двајца пред помалку од три години беа резервисти во тогашниот клуб од втората лига, Лестер, а сега испишаа нови страници во  фудбалската историја.

Најнови вести