Корисничко име Лозинка Пријави се
06.4.2016

Игуаин суспендиран на четири натпревари

Фудбалерот на Наполи Гонзало Игуаин е суспендиран на четири натпревари поради црвениот картон кој го доби на натпреварот во Серија А против Удинезе.

Фудбалскиот сојуз на Италија остро го казни најдобриот стрелец во Серија А, бидејќи по исклучувањето влезе во конфликтна ситуација со судијата.
Наполи на овој натпревар беше поразен од Удинезе со 1-3, а Игуаин претходно беше стрелец на единствениот гол за гостите.
Тој во досегашниот тек на сезоната на 31 натпревар постигна 30 голови.
Игуаин поради суспензијата ќе ги пропушти натпреварите против Верона, Интер, Болоња и Рома, а исто така тренерот на Наполи, Маурицио Сари, нема да го предводи тимот на претстојниот натпревар против Верона бидејќи по исклучувањето на Аргентинецот, протестираше кај судиите.
Наполи седум кола пред крајот на шампионатот го зазема второто место во Серија А со 67 бодови, шест помалку од лидерот Јувентус.


Најнови вести