Корисничко име Лозинка Пријави се
19.4.2016

Португалците ослабени пред ЕВРО

Фудбалерот на Зенит, Португалецот Дани, ќе го пропушти претстојното Европско првенство во Франција поради повреда на десното колено.

Дани го повреди коленото во првото полувреме во првенството на натпреварот со Спартак Москва (5-2), а на теренот го замени Хави Гарсија во 31-та минута.
Зенит соопшти дека Дани ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено и дека на португалскиот фудбалер ќе му биде извршена хируршка интервенција. 
Се проценува дека Дани ќе отсуствува од теренот осум до девет месеци и нема да биде во репрезентацијата на Португалија за Европското првенство во Франција кое ќе биде од 10-ти јуни до 10-ти јули.
Минатата седмица Фудбалскиот сојуз на Португалија соопшти дека левиот бек Фабио Куентрао ќе го пропушти Европското првенство поради операција на бутниот мускул.

Најнови вести