Корисничко име Лозинка Пријави се
19.4.2016

Покетино: Горд сум на својот тим

Менаџерот на Тотенхем Маурисио Покетино изјави дека продолжува да ја сонува титулата по победата над Стоук во гости со 4-0.

Сега Тотенхем се наоѓа на само пет бодови заостанување од Лестер на четири кола до крајот.
„Беше ова одличен натпревар, многу сум задоволен од играта, а ние и понатаму се бориме, сакаме да го притиснеме Лестер, а овој резултат е фантастичен“, изјави Покетино.
„Многу сум горд. Стоук сакаше да победи, но ние покажавме карактер и покажавме дека умееме да се носиме со притисокот. Демонстриравме глас и страст, мојот тим ги заслужи сите пофалби за оваа сезона“, додаде Аргентинецот.
По два голови во триумфот постигнаа Деле Али и Хари Кејн.
„Можевме да дадеме шест или седум голови, ова беше нашиот најдобар натпревар за оваа сезона. Лестер ги испушти бодовите и едвај чекавме да заиграме, моравме да чекаме ден и пол. Подготвени сме да ги притиснеме и мислиме дека можеме“, изјави Кејн.
Во следното коло Тотенхем ќе го пречека ВБА.

Најнови вести