Корисничко име Лозинка Пријави се
04.5.2016

Бензема и Каземиро не се во составот на Реал

На денешниот реванш натпревар во полуфиналето од Лигата на шампионите Реал Мадрид ќе започне без двајцата стандардни играчи од последните неколку месеци.

Каземиро и Бензема од доаѓањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид се стандардни во првиот тим, играат многу добро и би можеле да се наречат клучни играчи на овој тим.
Сепак, Зидан не ќе може да смета на нив двајца во првиот натпревар против Манчестер сити.
Каземиро се здоби со силен удар во натпреварот со Реал Сосиедад во саботата, додека Бензема е отсутен уште од натпреварот со Манчестер сити на „Етихад“. За Бензема се знаеше дека нема да игра додека за Каземиро сега пристигна потврдата.
Зинедин Зидан ја соопшти листата од 21 играч кои се на располагање пред натпреварот, а на него се наоѓа и Кристијано Роналдо.

Најнови вести