Корисничко име Лозинка Пријави се
06.5.2016

Клоп: Ќе сториме сè во финалето за овој клуб

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека неговите фудбалери во финалето во Лигата на Европа против Севилја ќе гледаат да ги искористат сите шанси и да го освојат трофејот.

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во финалето во второто по силина европско натпреварување, откако на домашен терен во реванш натпреварот го победија Вилјареал со 3-0. 
„Кога ќе одиграте натпревар каков што одигравме ние oвоj реванш, тогаш едноставно сакате да сторите сè. Во финалето ќе се обидеме да сториме сè за овој прекрасен клуб“, изјави Клоп.
Ливерпул на „Енфилд роуд“ поведе во седмата минута со автоголот на капитенот на Вилјареал, Бруно Соријано, водството го дуплираше Даниел Стариџ во 63-тата минута, а конечниот резултат го постави Адам Лалана во 81-та минута.
„Одлична вечер и брилијантна игра на мојот тим. Првиот половина час имаше многу емоции. Го загубивме трпението во последните 15 минути од првиот дел. Во второто полувреме планот беше да продолжиме со страствен фудбал, но со тимот повеќе да го користиме мозокот и на крајот заврши одлично“, изјави Клоп.
Ливерпул во финалето ќе игра против Севилја, која во Шпанија го победи Шахтар со 3-1 и со вкупен резултат од 5-3 го исфрли од натпреварувањето.
Финалето од Лигата на Европа е на програмата за 18-ти мај во Базел.

 

Најнови вести