Корисничко име Лозинка Пријави се
26.5.2016

Алвес преговара со Јувентус

Дефанзивниот играч на Барселона Дани Алвес кариерата ова лето би можел да ја продолжи во Италија.

Како што пренесуваат медиумите од Апенините, 33-годишниот Бразилец е во преговори со Јувентус, кои би требало да бидат завршени до почетокот на Копа Америка.
Клубот од Торино, соработката со Алвес ќе ја официјализира по завршетокот на континенталниот турнир.
Искусниот лев бек во редовите на шампионот на Италија ќе се пресели без обесштетување и покрај фактот дека договорот со Барселона му истекува летото 2017 година. 
Алвес на „Камп ноу “ дојде во 2008 година од Севилја, а претходно играше за Бахиа.
Во вторникот се појави информација дека Јувентус преговара со уште еден играч од каталонскиот гигант и тоа со Хавиер Маскерано.

Најнови вести