Корисничко име Лозинка Пријави се
26.5.2016

Барселона: Маскерано не е на продажба

Каталонскиот клуб порача дека искусниот Аргентинец останува во Барселона, пренесува „Мундо Депортиво“.

Според наводите на италијанските медиуми некогашниот фудбалер на Вест хем и Ливерпул беше на пат да потпише за Јувентус.
Дефанзивниот играч за врска кој на „Камп ноу“ главно игра во одбраната има договор до 2018 година со откупна клаузула од 100 милиони евра. Со оглед дека има 31 година тешко дека некој е подготвен да плати толку за него.
Каталонците истакнаа дека воопшто не сакаат да преговараат за неговата продажба, така што и следната сезона Маскерано ќе го сочинува дуетот со Жерар Пике во срцето на одбраната.
Тој во клубот пристигна во 2010 година за 24 милиони евра од Ливерпул и оттогаш одигра 174 првенствени натпревари и не постигна ниту еден гол.
Поради тоа многу навивачи на каталонскиот клуб инсистираа Аргентинецот да шутира пенали, за конечно да ја затресе мрежата во дресот на шпанскиот гигант.

Најнови вести