Корисничко име Лозинка Пријави се
01.6.2016

Караско прва желба на Венгер

Крилниот напаѓач на Атлетико Мадрид Јаник Фереира Караско е трансфер цел на Арсенал, пренесуваат англиските медиуми.

Како што се наведува Арсен Венгер сака да го засили тимот со доведување на Белгиецот, откако Тео Волкот, Алекс Окслејд-Чемберлен и Дени Велбек се мачат со повредите и со формата, а веќе е познато и дека Томаш Росицки го напушта тимот.
Фудбалерот од Белгија, стрелец на голот во финалето од Лигата на шампионите, настапуваше за младата категорија на Генк и Монако, пред да пристигне во тимот на „јорганџиите“ во јули 2015 година.
За репрезентацијата на Белгија запиша четири натпревари, а се најде и на конечниот список на селекторот, Марк Вилмотс, за Европското првенство во Франција.

Најнови вести