Корисничко име Лозинка Пријави се
12.7.2016

Јусејн Болт: подготвен сум за медалите во Рио

Јусејн Болт од Јамaјка изјави дека е подготвен да се натпреварува и да обезбеди учество на олимписките игри во Рио 2016 година во дисциплините на 100,200 и на 4x100метри.

Неговото учество ќе биде под знак прашалник по повредата која ја заработи на националното натпреварување, откако му настрада задната ложа и го напушти натпреварувањето со солзи, но по лекарските прегледи е воспоставено дека се работи за полесна повреда. 
Тоа значи дека Болт ќе биде подготвен за натпреварувањето во Лондон на 22-ри јули за да го обезбеди местото на Олимписките игри.
Болт е олимписки првак кој на Олимписките игри собори два светски рекорди на кратки патеки и е прв по Карл Луис 1984, кој го освои златото на 100 и 200 метри. 
Болт и понатаму е рекордер на 100 метри (9,58) и 200 метри(19,19) и доколку обезбеди учество би ги бранел двете олимписки медали.

Најнови вести