Корисничко име Лозинка Пријави се
31.5.2018

Болт не се откажува од фудбалската кариера, се докажува во Норвешка

Јусејн Болт, легендарниот спринтер од Јамајка, и понатаму има голема желба да стане фудбалер и затоа почна да тренира со норвешкиот Стромсгодсет.

Болт неколку пати работеше со фудбалерите на Борусија од Дортмунд, беше и блиску до јужноафриканскиот Мамелоди пред да стигне на еднонеделна проба во Стромсгодсет.
Осумкратниот олимписки шампион на својот профил на „Твитер“ објави слика од тренингот и порача дека „Си го остварува сонот“. Фудбалерите на Стромсгодсет моментно се наоѓаат на 12-тото место на норвешката лига по 12 одиграни кола.

Најнови вести