Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2017

Тажен крај за најдобриот спринтер во историјата

Среќата некогаш не ги следи храбрите. Јусејн Болт кариерата не ја заврши како што треба и со солзи замина во пензија.

Последната трка во кариерата, штафетата 4х100 не ја истрча поради повреда и остана незаслужено без медал.
Златниот медал го освои штафетата на Велика Британија, која низ целта помина за 37 секунди и 47 стотинки, што е нов европски рекорд. Сребрениот медал отиде во рацете на штафетата на САД (37,52 секунди), додека бронзата ѝ припадна на штафетата на Јапонија (38,04).
Најбрзиот човек на сите времиња, рекордер на 100 и 200 метри, беше шампион на светското првенство на 100 метри во Берлин 2009, во Москва 2013 и во Пекинг 2015 година, додека на тој дел беше олимписки победник во Пекинг 2008, во Лондон 2012 и во Рио 2016 година.
Сопственик е на четири светски и на три олимписки златни медали на 200 метри, а со штафетата на Јамајка освои четири светски и две олимписки злата на 4х100 метри.
Во неговата колекција Болт има и два сребрени медала, по еден на 200 метри и на 4х100 метри, како и бронзен од овогодишното првенство во Лондон на 100 метри.

Најнови вести