Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2012

Болт го пропушти тренингот

Јусејн Болт вчера го пропушти тренингот во кампот на репрезентацијата на Јамајка во Бирмингам.

Челниците на Атлетскиот сојуз на оваа карипска земја тврдат дека трикратниот победник од Олимписките игри во Пекинг ќе биде спремен за одбрана на титулата во Лондон. Болт има повреда на потколеницата поради која го откажа и учеството на митингот на Дијамантската лига во Монако.

„Болт е спремен 101 отсто. Неговите резултати се блиски на оние што ги постигнуваше пред игрите во Пекинг. Тоа ми кажува дека може да трча во Лондон“, објасни техничкиот директор на националниот тим на Јамајка, Дон Квери.

Најнови вести