Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2012

ОИ: По скандалот, Северна Кореја победи

Фудбалерките на Северна Кореја со 2-0 ја победија Колумбија во натпреварот од првото коло на групата Г на Олимписките игри во Лондон. Тоа се случи по скандалот со знамето.

Тој натпревар доцнеше речиси еден час поради протестите на Северна Кореја, а поврзани со случајот кога при претставувањето на нејзините фудбалерки, на видеоѕидот се појави знамето на погрешна Кореја – омразениот јужен непријател.

Натпреварот не можеше да почне бидејќи разлутените фудбалерки на Северна Кореја останаа во соблекувалната, но по извинувањето на домаќинот и ветувањето дека такво нешто веќе нема да се повтори, натпреварот е одигран, а Северна Кореја ги запиша првите три бодови. Во таа група Соединетите Американски Држави ја победија Франција со 4-2, и тоа откако Французинките водеа 2-0 само по петнаесет минути игра. Два погодоци за Американките постигна Алекс Морган.

Двократен стрелец беше и Бразилката Марта во најголемата победа на денот, 5-0 против Камерун.