Корисничко име Лозинка Пријави се
27.7.2012

Сензација: Јапонците ги победија Шпанците

Во натпреварот од првото коло од групата Д на олимпискиот фудбалски турнир Јапонците на „Хампден парк“ во Глазгов ги победија Шпанците, кои важат за едни од фаворитите за златен медал, со резултат 1-0.

Фудбалерот од средниот ред на Борусија Менхенгладбах, Јуки Отсу, одлично реагираше во 34-тата минута од натпреварот совладувајќи го Давид де Хеа од пет метри далечина по ударот од аголот.
Збунетите Шпанци им создадоа на Јапонците серија нови чисти ситуации за гол, но Јапонците не беа прецизни.
Крај на сите надежи беше црвениот картон кој поради прекршок над Нагаји во 41-та минута го заработи стоперот Иниго Мартинес.