Корисничко име Лозинка Пријави се
27.7.2012

Последни часови пред почетокот на Олимписките игри

Свеченото отворање на Олимписките игри во Лондон се нарекува „Островот на чудата“, ќе почне денес симболично во 20 часот и 12 минути по локално време (21:12 по македонско) на „Олимпискиот стадион“ во Лондон.

Церемонијата на свеченото отворање од првобитните три часа и 30 минути е скратена за половина час, како би можеле гледачите да се вратат дома со јавниот превоз, соопштија организаторите.
Олимписките игри во Лондон ќе траат од 27-ми јули до 12-ти август. Отворањето на игрите ќе го гледаат 62.000 луѓе, а ширум светот церемонијата ќе ја следат околу милијарда луѓе. Во свеченоста чиј креативен творец е британскиот режисер Дени Бојл е вложено 36 милиони евра. Годишните игри ќе се одржат на спортските терени во Олимпиското село во Лондон и на одредени места вон градот во кои ќе учествуваат околу 10.500 натпреварувачи од 204 земји.
Факелот, со кој ќе биде запален олимпискиот оган, што ќе го означи почетокот на игрите, на патот од Олимпија во Грција до стадионот во Стратфорд во Лондон помина 12.875 километри. Олимписките игри ќе ги обезбедуваат 20.000 луѓе, од кои дури 16.000 ќе бидат професионални војници, а за сигурноста на учесниците ќе се грижат 3.000 доброволци, како и регуларната полиција. Предвидени се натпревари во 26 олимписки спортови, односно 29 дисциплини. Во организацијата на годинешните Олимписки игри е вложено вкупно 11,6 милијарди евра.