Корисничко име Лозинка Пријави се
21.7.2012

Бразил ги декласираше Британците

Олимписката репрезентација на Бразил на стадионот „Риверсајд“ во Миделсборо ја надигра селекцијата на Велика Британија со 2-0 во генералната проба пред Олимписките игри во Лондон.

Фудбалерите на Мано Менезес пред 18.000 гледачи покажаа повисока класа веќе во првите 45 минути во кои ги постигнаа двата погодоци. Во 12-та минута погоди фудбалерот на Тотенхем, Сандро, а во 35-та минута најскапиот играч во бразилската селекција, напаѓачот на Сантос, Нејмар. Извештаите зборуваат дека тимот на Стуарт Пирс бил без никакви шанси против далеку подобрата бразилска репрезентација која е полна со талентирани фудбалери од бразилската лига, а е предводена од искусните Тијаго Силва (ПСЖ), Марсело (Реал Мадрид) и Хулк (Порто).

Најнови вести