Корисничко име Лозинка Пријави се
29.7.2016

Манџукиќ кај Венгер или Билиќ

Хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ ќе биде жртва на доаѓањето на Гонзало Игуаин во Јувентус и кариерата би можел да ја продолжи во англиската Премиер лига, пренесоа италијанските медиуми.

Според „Тутоспорт“ за поранешниот напаѓач на Динамо Загреб, Волфсбург, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид најзаинтересирани се лондонските клубови Арсенал и Вест хем.
Арсенал има предност пред сè поради учеството во Лигата на шампионите, а адутот на Вест хем е менаџерот Славен Билиќ.
Манџукиќ со Јувентус минатата сезона ја освои двојната круна, а за хрватската репрезентација досега има 68 настапи и 24 постигнати голови.

Најнови вести