Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2016

Монако: Карвалјо е слободен играч

Потпретседателот на Монао Вадим Васиљев изјави дека на Рикардо Карвалјо нема да му биде продолжен договори и дека португалскиот фудбалер е слободен играч и може да бара нов клуб.

„Разговаравме и одлучивме да не го обновиме договорот. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам за сè што направи за Монако. Донесе многу, ни беше неопходен во одбраната, но дојде време за промена“, изјави Васиљев.
Карвалјо на Европското првенство во Франција со Португалија стана европски шампион, а во Монако дојде во 2013 година од Реал Мадрид. 
Претходно го носеше дресот на Порто и на Челзи.

 

Најнови вести