Корисничко име Лозинка Пријави се
09.9.2016

Роналдо закрепна, ќе игра против Осасуна

Кристијано Роналдо, фудбалерот на Реал Мадрид, изјави дека закрепнал од повредата и дека е подготвен за претстојниот првенствен натпревар со Осасуна.

Португалецот го повреди коленото на десетти јуни, а повредата ја влоши еден месец подоцна, во финалето на Европското првенство во Франција, во кое го победија домаќинот на турнирот со 1-0.
Тој почна да тренира минатата недела и е подготвен за утрешниот натпреварот со Осасуна од 16 часот, на „Сантијаго Бернабеу“.
„Ќе играм“, им изјави Роналдо на новинарите на промоцијата на неговиот нов парфем, пренесе „Ас“.
Роналдо поради повредата не играше во претсезонските натпревари, ниту во првите три дуели во шампионатот на Шпанија.

Најнови вести