Корисничко име Лозинка Пријави се
23.9.2016

Бускетс го продолжи договорот: Засекогаш во Барселона

Серхио Бускетс, играчот за врска на Барселона, официјално потпиша нов петгодишен договор со шампионот на Шпанија.

Серхио при потпишувањето на договорот изјави дека би сакал да остане во него до крајот на кариерата.
Продолжувањето на договорот за Бускетс беше најавено уште во мај, но официјализиран е дури вчера.
„Возбуден сум што ќе останам поврзан со клубот на мојот живот. Се надевам дека ќе славиме многу успеси во текот на овој нов договор, како што го правевме тоа и во текот на претходниот. Овој е најдобриот клуб на светот и му благодарам на довербата. Ќе се обидам да се подобрам и да работам вредно секој ден. Би ми било сон да се пензионирам во Барселона“, изјави Бускетс за клупската телевизија.
Бускетс има 28 години и игра на позицијата дефанзивен играч за врска. Потекнува од Барселона, а за првиот тим дебитираше во 2008 година и се прослави уште во првата сезона, во која стана репрезентативец.
Со селекцијата на Шпанија го освои Светското првенство во 2010 и Европското во 2012 година.
Минималната клаузула за Бускетс изнесува 200 милиони евра, а во договорот постои можност за продолжување за уште две години.

Најнови вести