Корисничко име Лозинка Пријави се
01.10.2016

Куртуа најслаб голман во Премиер лигата

Тибо Куртуа, голманот на Челзи, со години беше еден од најдобрите чувари на мрежата во Европа, но оваа сезона не е на очекуваното ниво.

Поразно делува податокот дека Белгиецот моментно има најслаб процент на одбраната во цела Премиер лига.
Челзи во последно време прима најмалку по два погодоци по натпревар, а Куртуа ова сезона успева да сопре само 47,1 процент од ударите на противниците кон неговиот гол.
Екипата од Лондон во шесте натпревари во шампионатот прими девет голови, а во последните три натпревари во Лигата мрежата им се тресеше дури седум пати (Свонси 2, Ливерпул 2, Арсенал 3).
На врвот на листата на голманите со најголем процент на одбрана се Уго Љорис од Тотенхем и Клаудио Браво од Манчестер сити со 77,8 отсто успешни интервенции.
Челзи денес од 16 часот гостува кај Хал.

Најнови вести