Корисничко име Лозинка Пријави се
05.10.2016

Заза ќе се врати во Јувентус

Напаѓачот Симоне Заза би можело да се врати во Јувентус од Вест хем, иако е склучен договор за заем и откуп за 20 милиони евра ако одигра 15 натпревари во Премиер лигата.

Само по четири настапи, лондонскиот клуб не е задоволен од игрите на Заза и најверојатно нема да ја активира откупната клаузула, пишува италијанскиот „Калчомеркато“.
Во Вест хем изразија сомневање во квалитетите на Заза и ќе се обидат да го вратат во Торино, со тоа што нема да ја исполни квотата на настапи.
Тој потег силно би ги погодил челниците на Јувентус бидејќи веќе испланирале истиот износ да му го исплатат на градскиот ривал на Вест хем, Челзи, за трансфер на Хуан Куадрадо.
Заза би можело да заврши како Стефан Ел Шарави, кој таква судбина доживеа во Монако на заем од Милан.

Најнови вести