Корисничко име Лозинка Пријави се
14.10.2016

За Фелан постојана работа во Хал

Англискиот фудбалски клуб Хал за менаџер го именуваше Мајкл Фелан.

Фелан од летоска беше привремен тренер на Хал, откако клубот го напушти Стив Брус, но од вчера и официјално е прв тренер.
Фелан во август беше прогласен за најдобар тренер во Премиер лигата, а Хал по седум кола се наоѓа на 15-тото место во првенството.
„Ми олесни. Помина многу време. Се радувам на работата“, изјави Фелан за клупската интернет-страница.
Поранешниот помошен тренер во Манчестер јунајтед во Хал дојде во февруари минатата година како помошник на Стив Брус.
Хал победи во двата први натпревари во првенството, но оттогаш екипата во последните пет натпревари освои само еден бод.
Хал утре ќе игра на гостински терен против Борнмут.

Најнови вести