Корисничко име Лозинка Пријави се
28.10.2016

Несторовски стрелец, Палермо поразен од Удинезе со 1-3

Палермо, во којшто игра македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, беше поразен со 1-3 во натпреварот на домашен терен од Удинезе.

Несторовски во десеттата минута од средбата повлече контранапад  и со прекрасна соло акција постигна гол. Но, нашиот репрезентативец не можеше сам да ја носи играта на клубот од Сицилија, што се виде на овој натпревар.
Во 36-тата минута од дуелот, сè се случуваше против Палермо, Сирил Теро постигна погодок и го израмни резултатот, со што ја најави победата на Удинезе. Во второто полувреме играта ја диктираше Удинезе, а во 74-тата минута Фофана одлично ја искористи асистенцијата на Халфредсон. По пет минути, тој повторно даде гол за конечни 1-3. Во 82-рата минута Палермо остана со еден играч помалку, откако Салаи доби втор жолт картон.
По поразот од Удинезе, Палермо сега се наоѓа на 19-тото место само со шест освоени бодови во досегашниот тек на шампионатот, додека Удинезе се искачи на 12-тото место со 13 бода.


Најнови вести