Корисничко име Лозинка Пријави се
12.11.2011

Ван дер Варт и Ван Перси ја пропуштаат Германија

Рафаел Ван дер Варт ја повреди половината во второто полувреме од пријателскиот натпревар меѓу Холандија и Швајцарија.

Дваесет и осумгодишниот плејмејкер на Тотенхем играта ја напушти во 66 минута, а мечот заврши 0-0.
Од стручниот штаб на холандската репрезентација доаѓаат вести дека Ван дер Варт сигурно ќе го пропушти пријателскиот натпревар меѓу Холандија и Германија кој треба да се игра во вторник во Хамбург.
Засега нема информации колку е сериозна повредата на Холанѓанецот и колку време ќе отсуствува од теренот.
Покрај Ван дер Варт, и напаѓачот на Арсенал, Робин ван Перси нема да игра за Холандија во вторник. Капитенот на „топчиите“ не е повреден, но холандскиот селектор Берт ван Марвек има договор со менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, дваесет и осумгодишниот напаѓач да настапи само во првиот натпревар на „лалињата“.

Најнови вести