Корисничко име Лозинка Пријави се
06.12.2016

Баерн без Боатенг против Атлетико

Џером Боатенг, дефанзивниот играч на Баерн Минхен, ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид поради помал проблем со мускулот на ногата.

Германскиот стопер е надвор од редовите, а иако повредата не е тешка, Карло Анчелоти, тренерот на „баварците“, не сака ништо да ризикува, па Боатенг нема да истрча денес на теренот на „Алијанц арената“.
Италијанскиот стручњак потврди дека се повредени и Џулијан Грин и Кингсли Коман, додека Холгер Бадштубер и Чаби Алонсо се подготвени за натпреварот.
На клубот од Минхен натпреварот против мадриѓаните и не му е толку важен, бидејќи Атлетико е сигурно прв со 15 бодови во групата Д, додека Баерн е на второто место со девет бода, што е доволно за понатамошен пласман.

Најнови вести