Корисничко име Лозинка Пријави се
15.12.2016

Ругани го продолжи договорот со Јувентус

Даниеле Ругани, фудбалерот на Јувентус, го продолжи договорот со клубот до 2021 година, соопшти шампионот на Италија.

Ругани на почетокот на сезоната 2015/16 се врати во Јувентус, откако две сезони ги помина на заем во Емполи.
„Горд сум што го продолжив договорот со клубот до 2021 година. Тоа значи дека клубот верува во мене, дека добро работам и јас сум среќен и горд поради тоа“, изјави Ругани.
Тој оваа сезона седум пати беше во стартната постава на Јувентус и постигна три гола. Во 2016 два пати настапи за Италија.

 

Најнови вести