Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2016

Реал избегна срам и го освои Светското првенство

Фудбалерите на Реал Мадрид ја освоија титулата на Светското клупско првенство по тешката победа над Кашима во финалето.

Реал во Јапонија имаше водство, потоа Јапонците направија пресврт и сериозно се заканија да направат сензација, но шампионите на Европа го избегнаа срамот со триумфот од 4-2 по продолженијата.
Регуларниот дел од натпреварот заврши нерешено 2-2 и во финишот судијата Јани Сиказве драстично ја оштети Кашима Антлерс кога не му додели втор жолт картон на Серхио Рамос.
Капитенот на Реал го прекина контранападот на ривалот, судијата од Зимбабве веќе се фати за џебот за да му покаже јавна опомена, но сепак ја промени одлуката кога виде дека Рамос веќе е запишан во бележникот.
Кралскиот клуб ја оправда улогата фаворит на турнирот и на Лигата на шампионите и на Суперкупот на Европа, го придодаде трофејот од Мундијалот, што е негов втор откако се игра ваквиот формат.
Кристијано Роналдо, најдобриот играч на светот за 2016 година, одигра многу лош натпревар, токму како во полуфиналето против Клуб Америка, но постигна хет-трик за пресврт во тешката средба.

 

Најнови вести