Корисничко име Лозинка Пријави се
28.12.2016

Перес ги честеше фудбалерите со по еден милион евра

Челниците на Реал од Мадрид се одлучија на несекојдневен потег пред претстојните празници.

Секој фудбалер на кралскиот клуб во 2017 година ќе влезе побогат за еден милион евра, колку што ќе добие поради освоените три трофеи во меѓународните натпреварувања – Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.
Флорентино Перес, претседателот на клубот, покрај парите, на играчите им додели и дополнителни денови за одмор во текот на празниците, а не е за занемарување и тоа што секој од нив доби по еден модел „ауди“, како награда за учество во Купот на Шпанија.
Реал поради административна грешка при регистрацијата на Черишев, беше исфрлен од ова натпреварување, но тоа не му сметаше на Перес да ги награди.
За освојувањето на Лигата на шампионите, Кристијано Роналдо и соиграчите заработија бонус од по 750.000 евра. За освоениот Суперкуп на Европа и за Светското клупско првенство, добија уште по 260.000 евра.

 

Најнови вести