Корисничко име Лозинка Пријави се
28.12.2016

Алегри се скара со клубот, си оди со Дибала?

Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус, се скара со челниците на клубот, поради што би можело да го напушти Торино, а по истите стапки би можело да тргне и Пауло Дибала.

„Газета дело спорт“ наведува дека односот на Алегри со функционерите е нарушен по поразот од Милан во Суперкупот на Италија, но и поради различниот план во преодниот рок.
Веќе се појавија и тројца кандидати за тренерот кој со „старата дама“ освои две двојни круни и играше во финалето на Лигата на шампионите, во исто толку сезони на клупата, а тоа се Пауло Соуса од Фиорентина и Еузебио ди Франческо од Сасуоло.
Алегри не е единствениот проблем на клубот, туку и најдобриот фудбалер Пауло Дибала, бидејќи искажал незадоволство од понудата околу новиот договор и од минутажата во последно време.
Јувентус на Дибала му нуди 5,5 милиони евра по сезона, што е значително помалку од најплатениот во тимот Гонзало Игуаин (7,5 милиони евра годишно), па одличниот Аргентинец би можело да се сврти кон понудите на Реал и на останатите гиганти.

Најнови вести