Корисничко име Лозинка Пријави се
11.1.2017

Оскар: Кинеската лига ќе ја стигне Премиер лигата

Бразилецот Оскар верува дека кинеската Суперлига набрзо ќе им парира на најсилните европски првенства, па и на англиската Премиер лига.

Оскар овој јануари од Челзи направи трансфер во Шангај СИПГ за 60 милиони евра и со тоа се приклучи во низата на познати имања, како што се: Карлсо Тевес, Хулк, Џексон Мартинез, Фреди Гуарин, Аксел Вицел...
„Премиер лигата има многу високо ниво, тука се некои од најдобрите фудбалери на светот, но и кинеските се многу добри. Ако продолжат вака, ќе и бидат конкурентни на англиските клубови“, изјави Оскар.
Кинезите вложуваат сè повеќе пари во носење фудбалери од Европа, освен споменатите, тука се уште: Грацијано Пеле, Алеш Тешеира, Бурак Јилмаз, Џон Оби Микел, Паулињо, Еран Захави, Жервињо, Гаел Какута, Папис Сисе, Демба Ба, Обафеми Мартинс, Дарио Конка, како и српскиот репрезентативец Немања Гудељ.
Тука се и познатите тренери, како што се: Луис Фелипе Сколари, Свен-Јоран Ериксон, Феликс Магат, Грегори Манцано, Мануел Пелегрини, Алберто Ѕакерони, Андре Вилаш-Боаш, Драган Стојковиќ-Пикси.

Најнови вести