Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2011

Штрајкот на играчите на Карловац го откажа мечот во Риека

За прв пат во историјата на хрватскиот фудбал не се одигра натпревар поради штрајк на играчите.

Натпреварот Риека – Карловац што требаше да се одигра вчера е откажан бидејќи играчите на гостинот одбија да патуваат во приморскиот град.
Играчите на Карловац не примиле пари веќе седум месеци, па се одлучија на радикален потег. Дека ќе има штрајк, се најавуваше кон крајот на седмицата, но во клубот се надеваа дека екипата сепак ќе излезе на теренот. Дел од тимот беше подготвен да игра, но повеќето не.
Натпреварот ќе биде регистриран со победа на Риека од 3-0. Покрај тоа, Карловац ќе мора да ги плати трошоците за организација, а ќе биде и казнет. Бидејќи е претпоследен и доколку му се одземат бодови, сигурно ќе испадне во понизок ранг.

Најнови вести